Масакрот кај Пуста кула е масовно убиство извршено од страна на бугарската окупациона полиција над седум припадници на Народноослободителното движење. Масакрот се случил на 14 септември 1942 година, во близина на селото Рудник, Велешко кај месноста „Пуста Кула“, во близина на денешниот автопат Велес-Скопје.

Бугарската полиција без пресуда стрелала и масакрирала седум припадници на Народноослободителното движење. Тие од Скопскиот истражен затвор со камион биле донесени и стрелани кај месноста „Пуста Кула“ на 14 септември 1942 во близина на селото Рудник, Велешко. Панче Пешев и Раде Бурчевски успеале да избегаат.

Секоја година Општинскта организација на Сојузот на борците од Велес го одбележува датумот на овој злосторнички чин. Во април 2017 година на локацијата на масакрот била поставена спомен-плоча.

loading...

За makedon

Проверете исто така

Во пролетта на 1944 година, германската армиската група „Е“ со околу 400.000 војници, под командата на маршалот Лер,

Нема рецензии се уште. Биди прв кој ќе остави рецензија.

Остави одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани со *

Translate »