22 октомври 2017 година, Скопје, Македонија

– Светскиот Македонски Конгрес (СМК) упатува искрени честитки до Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет по повод државниот празник 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

На 23 октомври 1893 година, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во македонскиот град Солун, Македонците д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев ја формирале Македонската Револуционерна Организација (ВМРО), како почеток на македонското револуционерно движење за ослободување и државност на Македонија.

Илинденското востание со Македонската Република во Крушево од 2 август 1903 година, преку Народно-ослободителната и антифашистичката борба на Mакедонскиот народ во Втората Светска Војна со АСНОМ од 2 август 1944 година во македонскиот манастир “Свети Отец Прохор Пчињски“ и референдумот од 8 септември 1991 година кога Македонскиот народ и граѓаните на Македонија донесоа задолжителна одлука “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“, без додавки и без придавки, претставуваат континуитет на македонската многувековна борба за слободна и обединета Македонска држава!

Во името на сите знајни и незнајни јунаци и борци за слободата и обединувањето на Македонија, СМК ги повикува Претседателот и Владата на Република Македонија на итен и безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија со Владата во Атина и на продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (The Republika Makedonija) туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia“, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес.

Македонците во целиот свет го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската унија и НАТО Алијансата, бидејќи антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија и наци-фашистичкито барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Макдонскиот народ, се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

loading...

За makedon

Проверете исто така

Историските сведоштва говорат дека првите Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после …

Нема рецензии се уште. Биди прв кој ќе остави рецензија.

Остави одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани со *

Translate »