Сведоштво од Холокаустот врз Македонците:
“Во една плевна биле затворени повеќе луѓе, била запалена и изгорена. Само купишта коски, собрани пред вратата во обид да излезат, но тука изгореле.” Сведочењето е за Масакрот кај Катраница, кој е наречен Македонска Герника: грчките фашистички банди убиваат 640 жени и деца масакрирани на најсвиреп начин – силувани, згмечени глави со расфрлани мозоци, запалени…

Ви го пренесуваме исказот на очевидецот Димитар Шопов:

“Точно два дена траеше бурата над Катраница. Од самото селско ритче кога влеговме во селото се чувствуваше смрдеа на лешеви и на сите очите ни се насолзија кон малата чистинка, каде беа расфрлени купишта трупови… На седум места труповите беа нафрлени еден врз друг… Страшна кланица на мажи, жени и деца. Некои глави беа сосема здробени со исфрлен мозок. На други пак се гледаше каде пробил куршумот. Повеќе беа убиени во тилот, здробени со казми…

Во една плевна биле затворени повеќе луѓе, била запалена и изгорена. Само купишта коски, собрани пред вратата во обид да излезат, но тука изгореле. Германците и бандата на Пулос откако сите девојки ги обесчестиле, ја запалиле плевната. Во тој пламен изгорела и учителката откако над неа ги задоволиле животинските страсти над 20 бандити…

Влеговме во еден двор. До самиот праг еден легнат старец со столчена глава со камен. До старецот седнато едно 5-годишно дете. По се’ изгледа детето кога ги забележало оружените лица си ги затворило со раката очите од страв. Детските кревки гради беа пронижени со безброј куршуми и тоа останало така смрзнато, залепено за ѕидот, а до него стоеше недокастрено стапче и нож…“

– За истото дивеење во Катраница, се бележи и во еден Извештај од 21.X.1944 година од потполковник Дионисис Каранџис – Мелас, командант на единица на ЕЛАС, кој меѓу друготo пишува “…од беглиот опис што го давам за страдањето на гратчето Катраница, колежот извршен од Германците и нивните домашни соработници ПАО и Пулус, ќе можете да ги сфатите размерите на злосторставата.. Гратчето Катраница од 1 000 куќи, откако целосно беше разурнато, откако ги изгуби покуќнините, 12.000 грла овци и кози, 1.500 глави крупен добиток, плати данок во крв од 640 жени и деца масакрирани на најсвиреп начин…

…нашите очи гледаа купишта од трупови, еден од 35 трупови, друг 67, трет 94 и уште еден од 125, итн…

Како историчарот ќе го крсти случајот на смртта на онаа бремена жена од Катраница, која е фатена во пештерата во моментот на породувањето и откако е оставена наполно сама да ги поднесе болките од породувањето е убиена веднаш по породувањето заедно со својата рожба.” (Исказот е превземен од Македониумhttp://www.macedonium.org/Macedonium.aspx… . Илустрација посветена на настанот е превземена од Музејот на Македонија и таа ни оддалеку не ја прикажува вистинската големина на овој дел од Холокаустот. Очигледно, се внимавало да не се налути монстурмот Грција.)

loading...

За makedon

Проверете исто така

За во целост да го присвои Егејскиот дел на Македонија Фашистичка грција ги менува сите македонски топоними во Егејскиот дел од Македонија.

Нема рецензии се уште. Биди прв кој ќе остави рецензија.

Остави одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани со *

Translate »