Авторот на овој учебник за средно училиште од 1871 година, дваесетина години подоцна го менува мислењето и Македонците ги нарекува „аморфна маса“

Историјата е најголемата лага – оваа позната реченица на Наполеон е можеби најточната дефиниција за манипулациите што се прават со оваа наука во политички цели.

Учебникот по географија, особено неговиот дел за историјата на Балканскиот полуостров од кој учеле српските средношколци во 1871 година е најдобриот пример за она што сака да го каже Наполеон. Автор на учебникот е српскиот академик Петар Драгашевиќ. И додека во оваа историја Драгашевиќ ги нарекува Македонците, „најстари Словени“ и „можеби најстар народ во Европа“, а Србите и Бугарите „дојденци“, истиот автор дваесетина години подоцна, плука врз својот труд, нарекувајќи не „аморфна маса“. Намерно или случајно, промената на ставовите на Драгашевиќ се случува токму во периодот кога тогашен Белград ја црта картата на „Велика Србија“.

Учебникот „Географија за средни училишта“ бил прегледан и одобрен од државна комисија во Белград, а печатен во државната печатница. Во делот „Југоисточен полуостров“ пишува:

„Староседелци во овие земји, во древни времиња биле некои Словени на кои не им се знаат имињата…можеби низ долгите времиња наназад многу раштркани, тоа се денешните Македонци. Но, како што насекаде во светот бидува, кога дојденците ја преземаат власта, така било и овдека“.

Во истиот дел стои дека Елините се доселиле на полуостровот пред 1.500 години, ја создале лулката на науките и уметностите и ја пресадувале на сите крајбрежни делови на Средоземно Море.

За Александар Македонски, стои дека, „творецот на македонската светска држава“, ги проширил границите до Индија. Во делот „Народ“, пак стои:

„Овој полуостров е мозаик на народи како и Австрија. На овој простор живеат 13,6 милиони жители и тоа: Словени 61 отсто, Турци 13 отсто, Арнаути 7 отсто, Грци 14 отсто, Ермени 3 отсто и останати 2 отсто. Што би се рекло, Словени има двапати повеќе од сите други заедно, а четирипати повеќе од Турците. Во Словени се бројат: Срби 3,6 милиони, Хрвати 0,5 милиони, Македонци 1,3 милиони, Бугари 3,2 милиони, останати 0,04 милиони“.

На страницата 163 се наведува дека:

„Македонците се најстари Словени на овој Илирски полуостров, а можеби и во Европа“.

Драгашевиќ тврди дека преку Македонците поминувале и владееле сите народи кои во текот на многу времиња, или еден покрај друг, или еден зад друг престојувале во овие земји.

„Македонците денес го заземаат речиси целиот брег на Белото море, на исток се мешаат со Бугарите од Тракија на запад со Арбанасите од Арбанија и Епир и на север со Србија ги граничи Шар Планина. И покрај сето ова во нивните обичаи и во нивниот јазик можат да се најдат траги од сите оние народи, кои овде-онде, над нив владееја (нарочно Бугарите и Србите). Македонците и денес се карактеризираат самостојно и стојат во средината меѓу Бугарите и Србите“, пишува Драгашевиќ за Македонците.

Ништо помалку интересно е неговото пишување за другите народи:

„Бугарите на овој полуостров се дојденци (за разлика од Македонците) исто како и Србите и денес ја зафаќаат целата источна страна на овој полуостров“. За Албанците, пак вели дека се во тесна врска со римските војници, а за Грците дека живеат во „Кралство Грчко“.

Симски: Така е и со другите истории

До овој учебник, дошол писателот и дипломат Стефан Симски.

– Сосема случајно ми го спомнаа колеги дипломати од Белград. Многу е интересно што автор на учебникот е истиот академик, кој 20 години подоцна комплетно го менува ставот за Македонците. И ова не е случај само со српската историја, туку и со бугарската и грчката – вели Симски, кој сега е шеф на одделението за македонско малцинство на Балканот при Секторот за дијаспора на Министерството за надворешни работи.

Историја за средно образование од Јован Драгашевич 1871 Белград

Географија за средни школи од Јован Драгашевиќ – 1871 Белград

Преводи на означените со жолто текстови:

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ НАЈСТАРИТЕ СЛОВЕНИ НА ОВА ИЛИРСКО ТРОМЕЃЕ, А МОЖДА И ВО ЕВРОПА, И ПРЕКУ НИВ ПОМИНУВАЛЕ И ВЛАДЕЕЛЕ СИТЕ ДРУГИ НАРОДИ, ИЛИ ЕДЕН ПО ДРУГ ЖИВЕЕЛЕ ВО ОВИЕ ЗЕМЈИ.ТИЕ ДЕНЕС ГО ЗАФАЌААТ СКОРО ЦЕЛОТО КРАЈБРЕЖЈЕ НА БЕЛОТО МОРЕ, И НА ИСТОК СЕ МЕШААТ СО БУГАРИТЕ ВО ТРАКИЈА…

ИСТОРИЈА. СТАРОСЕДЕЛЦИ ВО ОВИЕ ЗЕМЈИ, БЕА ВО ДРЕВНИТЕ ВРЕМИЊА НЕКОИ СЛОВЕНИ, НА КОИ ИМЕТО НЕ ИМ ГО ЗНАЕМЕ; МОЖЕБИ ДОЛГО НИЗ ВРЕМЕТО И ИЗМЕНЕТИ, НО ТОА СЕ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ. НО, КАКО ШТО БИВА СЕГДЕ ВО СВЕТОТ, ДА ДОЈДЕНЦИТЕ ВЛАДЕАТ СО СТАРОСЕДЕЛЦИТЕ, ТАКА И ОВДЕ СЕ СЛУЧУВАЛО ПОСТОЈАНО НИЗ СИТЕ ВЕКОВИ. И НАИЗМЕНИЧНО СЕ МЕНУВАЛЕ ВО УМНОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА ДРЖАВАТА ИЛИ ВЛАДЕЕЛЕ РАЗЛИЧНИ НАРОДИ.

…НА СЕВЕР ГРАНИЧИ СО ШАР ПЛАНИНА СО СРБИТЕ. И ПРИ СЕТО ТОА, ШТО ВО НИВНИТЕ ОБИЧАИ, И ВО НИВНИОТ ЈАЗИК МОЖЕ ДА СЕ НАЈДАТ ТРАГИ ОД СИТЕ ОНИЕ НАРОДИ, КОИ ОВДЕ, ОНДЕ НАД НИВ ВЛАДЕЕЛЕ (НАРОЧИТО БУГАРИТЕ И СРБИТЕ) ТОА ПАК И ДЕНЕС Е КАРАКТЕРИСТИКА НА НИВНАТА САМОСТОЈНОСТ, И СТОЈАТ ВО СРЕДИНА ПОМЕЃУ БУГАРИТЕ И СРБИТЕ. БУГАРИТЕ СЕ НА ОВОЈ ПОЛУОСТРОВ ДОЈДЕНЦИ(НАСПРОТИ СТАРОСЕДЕЛЦИТЕ МАКЕДОНЦИ) ИСТО КАКО И СРБИТЕ, И ДЕНЕС ЈА ЗАФАЌААТ ИСТОЧНАТА СТРАНА НА ОВА ТРОМЕЃЕ…

loading...

За makedon

Проверете исто така

Гоце Делчев Македонецот

Ѓорѓи Николов Делчев попознат како Гоце Делчев, роден е во Кукуш, Македонија на 04 февруари …

Нема рецензии се уште. Биди прв кој ќе остави рецензија.

Остави одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани со *

Translate »