Во државата Македонија сите по државјанство се Македонци независно од нивното етничко потекло … Така е во цел свет, така мора да биде и во Македонија … Бидејќи името на државата е Македонија и за дома и во целиот свет! Македонија или ќе биде држава како и сите во светот или нема да ја има …

Една работа треба да не’ загрижува сите нас, Македонците … и во земјата и во светот …

Ако помине овој преседан со ултимативните барања на политичките партии на Албанците за состав на Влада со таканаречената “тиранска платформа”, тоа ќе стане правило при сите наредни избори но, со епилог демонтажа на државноста и унитарноста на Македонија, на рати …

Македонците повеќе не ќе мора да одат на избори, затоа што албанското малцинство ќе избира партнер од Македонците со кого ќе составува Влада и ќе ги диктира условите за состав на Влада на државата Македонија …

Сепарацијата на дел од територијата нема да биде опсесија, туку окупацијата врз целата територија …

Македонците не смеат да прифатат аналогија дека се едно од многуте малцинства или една од многуте заедници или еден од многуте етноси во Македонија! Македонците мора да останат достојни на историскиот континуитет, дека Македонците се еден и единствен народ во Македонија и носител на државноста на Македонија! Само тоа е единствената гаранција за државноста и унитарноста на Македонија! Само тоа е единствената гаранција за еднаквост на сите граѓани пред Уставот и законите независно од нивното етничко потекло, верско уверување, социјална припадност и општествена положба!

Впрочем, унитарноста на државата Македонија подразбира: неповредливост на границата, неделивост на територијата по било која основа и Македонскиот јазик како еден и единствен службен јазик на целата територија на државата Македонија и во нејзините меѓународни односи!

“Македонија на Македонците” не е партиска програма, туку треба да биде стратегија на секој Македонец по потекло и државјанство и на секоја политичка партија за опстанок на Македонската нација и на државата Македонија!

И не случајно, уште на 19 јануари 1897 година, четирикратниот британски премиер Вилијам Гледстон (29.12.1809 – 19.05.1898) за македонското прашање рекол: “Зошто да не биде Македонија на Македонците, како што е Бугарија на Бугарите и Србија на Србите?“ Така и денес: Зошто да не е – Македонија на Македонците! Не, поради омраза и војна против другите, туку заради мир и љубов, во коегзистенција и толеранција со сите! Македонија на Македонците, затоа што: Без Македонците, Македонија ќе ја нема, а тогаш, пандорината кутија како црна дупка на Балканот ќе ги проголта сите…

Само со “Македонија на Македонците”, Македонија ќе биде на сите и сите ќе сме едно општество!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин!

Пишува; Тодор ПЕТРОВ

Извор: World Macedonian Congress – Светски Македонски Конгрес

loading...

За makedon

Проверете исто така

Гоце Делчев Македонецот

Ѓорѓи Николов Делчев попознат како Гоце Делчев, роден е во Кукуш, Македонија на 04 февруари …

Нема рецензии се уште. Биди прв кој ќе остави рецензија.

Остави одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани со *

Translate »