Македонија во античко време била кралство кое во почетокот се простирало на територијата на денешна
Македонија и Беломорска или Егејска Македонија, во северниот дел на денешна Грција. Се граничело со
кралството Епир на запад и областа Тракија на исток. Во даден временски период Македонија била
најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил скоро целиот тогаш познат свет и
со тоа го започнал македонскиот период во светската историја.
Македонците живееле во јужната област на тогашна Македонија уште од архаичното време. Првата
македонска држава се јавува во VIII или раниот VII век п.н.е. под водството на династијата Аргеади,
кога Македонците мигрирале таму од позападните краишта. Првиот крал за кој има документација е
Пердика I. Во времето на кралот Александар I Македонската територија почнала да се шири во Еордаја,
Ботиаја, Пиерија, Мигдонија и Алмопија. Близу денешниот град Воден, Пердика I (или поверојатно
неговиот син Аргеј I) ја изградил првата престолнина Ајга (денешен Кутлеш).
По краток период на персиска власт под водство на кралот Дариј I, државата ја вратила својата
независност под водство на кралот Александар I (495450 п.н.е. п.н.е.). Пред IV век п.н.е. кралството
покривало територија по големина еднаква на денешната област на Македонија во Грција
Златна урна од IV в.п.н.е. одГолемата Тумбана Древно македонската престолнина ЕГЕ.
На четирите бочни страни декоративни копмозиции со мотиви на здравец.
На капакот шеснаесеткракото македонско сонцесимбол на Македонската династија.
Релјеф од Мермерната сала со претставани Македонски војнички шлем со победоносен
венец (Ловоров венец) и шеснаесеткрако Македонско сонце од III в.п.н.е., пронајден за време
на градските истражувања во Пергам (денес Бергама) – еден од најголемите културни,
административни и трговски центри на Големото Македонско Царство.
 
loading...

За makedon

Проверете исто така

Македонија било античко кралство на територијата на денешна Македонија и северна Грција.

Нема рецензии се уште. Биди прв кој ќе остави рецензија.

Остави одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани со *

Translate »