По самиот почеток на Првата светска војна, Бугарија ја окупирала Македонија. Во 1915 година една група,од 10-тина вооружени Бугари подпомогнати од 3 Арнаути од соседното село Црнилиште влегле во селото. Селаните не ја знаеле нивната намера и прв истапил селскиот поп. Него веднаш без објаснување го заклале и потоа со невидена бруталност прво ги ограбиле селаните барајки им злато па почнале да ги убиваат и колат сите, не гледајки дали се жени и деца. Со овој масакр населението било преполовено.

     Мнозинството од жртвите биле закопани во масовна гробница на местото викано „Брест“ на влезот од селото од левата страна на патот, каде сто се наоѓале старите гробишта, кои сега се обраснати со грмушки и висока трева. На местото каде се закопани жртвите бил подигнат споменик од бел мермер со посвета „кога би биле Волци би избегале, кога би биле Турци би се сожалиле, но тоа биле проклетите Бугари”, но по повторното доаѓање на Бугарите во Втората светска војна, споменикот бил срамнет со земја.

     Во педесетите години на 20 век, кога Јован Трифоноски го истражувал селото, тогаш сеуште постоела крушата на местото каде со денови виселе обесените жени и деца. Денес остатоците од споменикот се чуваат соѕидани во некои селски градби.

      И за крај го поставуваме јавно прашањето до сите оние кои во срце и во душа се чувствуваат Македонци, дали Македонија треба со вакви УБИЈЦИ да слави иста историја исти празници, ние никогаш нема да прифатиме да славиме иста историја со друг народ кој вршел геноцид врз Македонскиот.

loading...

За makedon

Проверете исто така

Во пролетта на 1944 година, германската армиската група „Е“ со околу 400.000 војници, под командата на маршалот Лер,

Нема рецензии се уште. Биди прв кој ќе остави рецензија.

Остави одговор

Вашата емаил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се маркирани со *

Translate »